Витилиго е пореметување на пигментација во која меланоцитите, кои се одговорни за правење на пигмент, престануваат да работат.
Како резултат на тоа, се појавуваат бели дамки на кожата во различни делови на телото.
Ако со витилиго се погодени области каде расте косата, и косата ќе стане бела.
Самата болест не е опасна по здравјето, но може да се појави со некоја друга болест, како што е болест на тироидната жлезда, дијабетес, пернициозна анемија, алопеција ареата или Адисонова болест, а не треба да се занемари и улогата на стресот.
Лекарите и научниците веруваат дека оваа болест се развива како резултат на заболување на имунолошкиот систем. Генетскиот фактор исто така може да биде еден од факторите за развој на болеста, бидејќи постои зголемена инциденца на витилиго во некои семејства.
Одредени фактори, како што се емоционален стрес, изгореници и повторување на траума, можат да влијаат на непосредно појавување на болеста. Дамките обично се јавуваат на кожата над зглобовите на прстите, на колената и лактите или лицето, особено околу очите и устата, но можат да се појават и на било кој дел од телото.
Лекување не е секогаш неопходно. Кај некои луѓе, бојата на кожата се враќа без лекување. Во други случаи креми за сончање, избегнување на сонцето и сл. можат да ги направат дамките речиси незабележливи. Медицински третмани за витилиго имаат цел да го изедначат пигментот на кожата(третманот може да потрае 6-18 месеци).
На луѓето кои го имаат ова нарушување им се препорачува витаминска терапија, која вклучува храна богата со витамин Ц и фолна киселина, бета-каротен и витамин А.