Гонартроза претставува артроза на зглобот на коленото.
Таа е почеста кај жените над 45 годишна возраст, особено кај оние со прекумерна телесна тежина и изложени на тешка физичка активност.
Симптоми:
- Болка при качување и симнување по скали;
- Крепитации – звук во коленото како чкрипење или триење;
- Вкочанување на зглобот, тешко раздвижување после мирување;
- Откажување или клецање на коленото заради слабеење на квадрицепс феморис;
- Ограничени движења и оток на зглобот или стврднување;
- Деформација варус како буквата 0, како одлика на оптеретување на медијалната страна на коленото;
- Болки во колената при промена на време и атмосферски притисок.
Според овие симптоми и со рентгенска снимка или магнетна резонанца, може да се утврди дека станува збор за гонартроза.
Терапија: намалено оптеретување на зглобовите (намалување на телесната маса и сл.), периодичен одмор во кревет. При незадоволителен ефект се имплементира аналгетска и антиинфламаторна медикаментозна терапија и физикална терапија, која мора да биде индивидуално прецизирана, напредните фази се третираат хируршки.