Кашлица e ненадејно, експлозивно и издишувачко маневрирање со кое луѓето се стремат да ги отстранат материите од дишните патишта.
Самата кашлица не е болест, туку симптом кој укажува на некој друг проблем. Ако потрае подолго од една седмица, неопходно е да се обратите на лекар. Тој треба да ја утврди причината за кашлицата и да препише соодветна терапија.
Дали знаете дека постојат различни типови на кашлица? И дека за различен тип на кашлица постои различен третман?
Едниот тип е сува и надразнителна кашлица, а другиот е влажна и продуктивна (се создава секрет). И двете можат да бидат гласни, вознемирувачки и да го намалат квалитетот на вашиот живот.
СУВА КАШЛИЦА СО ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ
Симптоми:
Често кашлање во текот на ноќта или наутро, веднаш по станувањето од спиење.
Антитусиците се препорачуваат за смирување на сувата и надразнителна кашлица. Тие ја препокриваат слузницата со заштитен слој при што го намалуваат рефлексот на кашлање.
ПРОДУКТИВНА КАШЛИЦА:
Симптоми:
Оваа кашлица е константна, со многу секрет, пропратена со отежнато дишење, „свирење“, стегање во градите и потешкотии во дишењето, со утрински влошувања. Симптомите се поистакнати зимно време.
Причина:
Хронична опструктивна болест на белите дробови (бронхитис и емфизем). Кашлицата се случува поради воспаление на белите дробови, кои ја изгубиле еластичноста и недоволно се собрираат и шират, со што е намален протокот на кислород во крвотокот. Ова најчесто ги погодува луѓето после 40-тата, а како главен виновник се јавува пушењето, додека околу 10% од „виновниците“ се наследни или од аерозагадување.
Лекување:
Потребно е да се зголеми физичката активност и да се зајакне горниот дел од телото. Со помош на физиотерапија се намалува секретот во белите дробови, а одредени лекови ги прошируваат дишните патишта и го олеснуваат протокот на воздухот. Помага инхалацијата и навлажнувачите во просторијата во која престојува пациентот.