Гркланот (larynx) е важен респираторен орган кој се наоѓа под ждрелото и го спроведува земениот воздух кон душникот, но во него се наоѓаат и гласните жици. Еден дел од гркланот (epiglotis) има важна функција да го спречи одењето на хранта во душникот. Со оглед на близината на носот и грлото често е на удар на бактериите кои можат да додедат до запаление- ларингитис. Најчеста причина за ларингитис се вирусите кои се населуваат во слузокожата и обично предизвикуваат отекување на гласните жици и дополнително го отежнуваат движењето на гркланот.
Гркланот е малечок особено кај децата, па скоро секое негово воспаление е пропратено со отежнато дишење. Поради отоците на гласните жици детето е засипнато и се јавува оној вибрирачки звук, кој наликува на свирење.
Тоа свирење е всушност треперење на гркланот кое настанува кога воздухот под притисок поминува кон душникот и после кон белите дробови. Се слуша кога детето вдишува но е најдраматично кога тоа кашла. Најголемиот број деца заболуваат од вирусен ларингитис, кои најчесто поминуваат без температура, а општата состојба на детето е добра. Кога нападот ќе помине, детето е расположено, но обично следниот напад е многу набрзо. После неколку дена инфекцијата сама поминува.
Кога да побарате лекар?
Доколку имате температура над 39 степени побарајте лекар. Исто така ако имате свирење на градите и температура истовремено, не треба да чекате. Важно е да се утврди дали се работи за инфекција на гркланот (epigotitis) која бара антибиотска терапија.
Доколку тешко и убрзано дишете (диспена).
Кашлањето редовно го прати воспалението на гркланот. Тоа настанува поради оштетување на слузокожата поради присуство на вирусите и бактериите, од што се надразнуваат краевите на малите нерви, надразнетите нервни завршетоци го покренуваат рефлексот на кашлање, а поради ова непродуктивно, упорно (суво) кашлање веќе натечената слузокожа дополнително се оголува, а веќе оштетените гласни жици стануваат уште повеќе отечени.