Чистотата е половина здравје, затоа е потребна секој човек да ја запази личната хигиена. Под лична хигиена се подразбира чистотата на телото, облеката и местото на живеење. Личната хигиена треба да ја одржуваме поради сочувување на личното здравје, а здрав човек е богат човек.Хигиенските навики се од значење за здравјето, белег се за добро воспитување и задолжителен елемент од секојдневниот живот на човекот. Затоа е важно да бидат создадени додека детето е мало.
Потребните хигиенски навики за децата
Првата и задолжителна лекција што детето треба да научи, е да ги мие рацете пред јадење, по играње, после допир со милениче и одење во тоалет. Оваа навика е од особено значење, бидејќи го спречува ширењето на бактерии.
Втората задача е да се научи да си ги мие забите. Кон млечните заби треба да се пристапи со поголемо внимание, постојаната крижа за забите е за да бидат здрави и без кариес.
Бањајте го детето се додека не пројавуви некаква форма на независност, потоа оставете го сами. Првично влегувајте во бањата со него, за да ги контролирате нештата, и постепено оставете ја задачата целосно на него.Други задолжителни хигиенски навики со кои децата треба да се здобијат е да не ги гризат ноктите, да не бркаат во носот, во косата и многу други.
Два главни принципи со кои го учите вашето дете е да зборувате и да се забавувате. Разговарајте и давајте одговор на сите прашања, користете помошни материјали .
Не заборавајте, децата се огледало на родителите, оджувајте ја вашата лична хигиена и бидете пример за хигиената на вашите деца.
Хигиената е многу повеќе од тоа да се биде само чист. Ја дефинираат многу постапки кои им помагаат на луѓето да бидат и да останат здрави. Примената на добрите хигиенски навики е корисна од две причини.Прво, им помага во отстранување на можноста да се добие заболување и истото да се шири, и второ, им помага на луѓето да се чувствуваат добро самите себе си и сопственото тело.
Добрата хигиена е битна во секоја возраст и за секого.