1.Ми зуат ушите…
Зуењето на ушите најчесто е симптом, нема болка, меѓутоа има непријатно чувство на зуење, поради кое луѓето се прашуваат дали имаат мозочен удар или друг процес. Зуењето нема врска со мозокот, може да биде од болест на увото, или болест на друго органи.
2.Не слушам…
Слушањето може да е од заболување на увото или природно. Висината на оштетувањето на слухот се определува според јачината (мерена во децибели (dB)). Оштетувањата може да се поделат на благо, умерено, тешко и целосно или глувост. Осетливоста на звук варира во зависност од фрекфенцијата на звукот. За да се земе ова во предвид, осетливоста на звук се мери за определени фрекфенции, поврзани со аудиограм.
3.Трет крајник…
Најнепотребниот страв кај луѓето. Треба да се обрати внимание на другите два крајника, кои по правило се поголем проблем. Третиот крајник е непарна лимфна жлезда, сместена на преодот од носот во грлото и е исто така дел од имунолошкиот систем со значајна улога во одбраната од инфекции. Бидејќи е сместен во еден релативно ограничен анатомски простор, неговото зголемување доведува до отежнато дишење на нос. Со растот на детето третиот крајник се намалува, а назофаринксот се зголемува, затоа проблемите предизвикани од хипертрофија на третиот крајник се најизразени кај децата од предучилишна и рана училишна возраст.
4.Настинка, дали треба да се користат антибиотици?
Антибиотици, нема воопшто да помогнат, напротив, може да ја нарушат нормалната бактериска флора и да ја зголемат отпорноста на патогените бактерии кон антибиотици. За примена, или не, на антибиотиците треба да одлучи вашиот лекар!
5.Што е алергија и како се лечи?
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, спори, микрокрлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и др. Лекување: Избегнување на алергени, земање на лекови кои ги намалуваат симптомите, имунотерапија или комбинација од овие методи.
6.Дали ординацијата има договор со ФЗО?
ПЗУ Д-р Миташев има договор со ФЗО …
7.Како може да се пријавам за матичен лекар?
Промената на избор на матичен лекар и истовремена одјава на претходниот матичен лекар може да се врши намногу два пати во годината. Правото на избор на матичен лекар се врши во избраната здравствена установа преку веб порталот на ФЗО и со пополнување на образец.
Се што е потребно е со себе да ја земете здравствената лигитимација, ако имате електронска здравтвена картичка, статус на осигурено лице и да се обратите кај посакуваниот матичен лекар без претходни одјави од претходниот матичен лекар.
8.Како може да закажам преглед кај Д-р Миташев?
Прегледите се закажуваат преку Мој Термин, со упат, или на тел.број 032/388-000.