Ноември е месец во кој се обрнува посебно внимание на машкото здравје.
Со почетокот на месецот започнува и “Movember” – акција која има за цел да ги информира мажите за болестите кои ги погодуваат. “Movember” се одбележува со симболично пуштање на мустаќи.
Зошто постои симболиката на растење на мустаќи?
Растењето мустаќи е само гест кој преку симболот за машкост –мустаќите е само знак за поддршка на движењето кое повеќе години се одбележува во текот на целиот месец Ноември.
Зошто е важно да се обрне внимание на овие ризик фактори:
- Во Македонија, стапката на самоубиства е 5,2 на 100.000 жители, а во земјата почесто се самоубиваат мажи, отколку жени.
- Ракот на тестисите .
- Покрај физичкото здравје мажите е потребно да обрнат големо внимание и на своето психичко здравје.
- Ракот на простата.
- Свесноста и прифаќањето на овие здравствени ризици би можеле да спасат нечиј живот!