Бели дробови (pulmones) се органи во кои се врши размената на гасовите.
Белите дробови се главните органи за дишење кај цицачите и повеќето други ‘рбетници. Тоа се парни органи со розева боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена плевра. Основна фукнција на белите дробови е вдишување на кислород од атмосферата и негово преминување во крвта и издишување на јаглерод диоксид од крвта во атмосферата. При вдишувањето белите дробови се шират а при издишување се собираат. Размената на гасовите се одвива во најмалите функционални еднинки односно алвеолите. Сепак белите дробови имаат и некои нереспираторни фукнции.
Функција на белите дробови
Главната функција на респираторниот систем е да се обезбеди кислород за потребите на целиот организам. Кислород е најважниот извор на енергија за ќелиите на човековото тело. Вдишениот воздух во себе содржи кислород кој патува низ респираторниот систем до алвеолите. Кислородот се движи надвор од алвеолите и преку циркулација на крвта се пренесува до целото тело како дел од црвените крвни клетки. Воздухот кој се издишува содржи јаглерод диоксид. Гасот излегува од алвеолите при издишување.