Паркинсовата болест спаѓа во групата на состојби наречени нарушувања во системот за моторика, која се појавува како резултат на недоволниот број на мозочни келии кои генерираат допамин.
Првите четири симптоми на Паркинсоновата болест се треперење, или тресење на дланките, рацете, нозете, вилицата и лицето; згрченост или вкочанетост во мускулите и рбетниот столб; брадикинезија, или отежнато движење; и нарушување на правилната поставеност на телото, или нарушена рамнотежа и координација. Како што овие симптоми земат поголем замав, пациентите се соочуваат со потешкотии при одење, зборување и извршувањње на најобични секојдневни активности. Раните симптоми на Паркинсовата болест се обично невидливи и се манифестираат постепено.
Кај некои луѓе болеста зема замав за пократок временски период отколку кај други. Како што болеста напреднува, тресењето или треперењето кое е карактеристично за најголем дел од заболените од оваа болест започнува да им попречува во извршувањето на секојдневните активности. Други симптоми на оваа болест се депресијата и други психолошки промени; потешкотии при голтање, жвакање и зборување; уринарни проблеми или констипација; проблеми со кожата; и прекини при спиење. Не постојат крвни или лабораториски тестови кои можат да дијагностицираат Паркинсонова болест.
Просечна возраст кога луѓето заболуваат од Паркинсонова болест е 62 години, но лицата над 60 години имаат 2-4% шанси за да ја добијат болеста. Доколку во семејството има- те член со Паркинсонова болест, го зголемува вашиот ризик. Мажите почесто заболуваат од Паркинсон за разлика од жените.
До денешен ден, не постои лек за Паркинсонова болест, меѓутоа има повеке лекарства кои можат драстично да го ублажат интензитетот на симптомите.
Паркинсовата болест е и хронична, што значи дека трае подолг временски период, и прогресивна, што значи дека симптомите се влошуваат со тек на времето. Иако некои лица стануваат целосно неспособни, кај други се појавуваат само помали потешкотии во системот за моторика. Тресењето е главниот симптом кај некои пациенти, додека кај други тресењето претставува еден од помалите проблеми, за сметка на други од кои страдаат со поголем интензитет.
Никој не може да предвиди кои симптоми ќе бидат карактеристични кај еден пациент, бидејки интензитетот на симптомите е различен за различни случаи.