Барем еднаш во животот сте ја изговориле или, пак, сте ја слушнале реченицата „Постојано сум многу уморен“.Новите истражувања покажуваат дека дури 80 отсто од луѓето го имаат овој проблем.
Синдромот на хроничен замор е многу повеќе од само чувство на претеран замор и истоштеност. Се карактеризира со замор кој не се подобрува по одмор и се влошува по физичка или ментална работа. Лицата кои патат од овој синдром не можат нормално да функционираат.
Чувството на хроничен замор и исцрпеност може да биде и последица на секојдневните навики: храната која ја јадеме, начинот на кој спиеме, како се справуваме со емоциите.
ПРИЧИНИ: Вирусни инфекции, имунолошкиот систем, хормонален дисбаланс, возраст. синдромот на хроничен замор може да се случи на која било возраст, но најчесто ги напаѓа жените во нивните 40-ти и 50-ти години, стресот може да придонесе за развој на синдромот.
СИМПТОМИ:
Намалена меморија и концентрација, мускулна болка, болки во главата, тахикардија, низок крвен притисок, вртоглавица, пречувствителност на бучава и светлина…
Превенцијата е важен фактор во развојниот тек на повеќе болести, како и нивното лекување. Позитивното однесување и размислување, забавување на ритамот, редовната физичка активност, здравата исхрана, избегнување на стресот, добриот сон и уреден одмор, како и земање витамини можат да бидат важни фактори во превенцијата, во текот на болеста и лекување на синдромот на хроничен замор.