Страните тела во носот влегуваат низ носници при повреди, повраќање (ако постои парализа на меко непце).
- Надворешни причинители
– органски неживи (семки,грав, пченка, кикиритки, кафе, леблебија).
-органски живи (пијавица, цревни паразити).
-неоргански (стаклени, порцелански, метални куглици, киндер јајца).
- Внатрешни причинители
-коскени секвестри, заби, ринолити.
Симптоми- кивање, болка, гнојна секреција со непријатна миризба од една страна, отежнато дишење, главоболка, отсуство на чувство за мирис;
Начин на испитување- предна риноскопија, ендоскопија на нос и ренген.
Терапија- одстранување на страното тело, аспирација на секрет. Корисна е локална анестезија и анемизација (постапка во која оториноларинголог поставува газа или памук натопен во деконгестив и локален анестетик во носните ходници со што се овозможува подобра видливост и ублажување на болката во тек на интервенцијата). Понекогаш се врши зафат со обете раце-со едниот показалец се осигурува задниот отвор на носот ,а со другата рака со помош на кирета се вади страното тело.
Живите страни тела се уништуваат со разни улја, кога има пијавица се уништува со кукинска сол во прав.
Компликации- ринолит, менингитис, флегмона која се манифестира со оток, црвенило, треска и температура и.т.н.
Компликација од самата интервенција- понекогаш фатална по живот,кога страното тело од нос пропага кон дишникот и доведува до моментално задушување.
Доколку имате страно тело во носот задолжително побарајте совет од доктор.