Фарингитис е воспаление на слузницата на грлото.
Симптоми: Сувост на грлото, иритација, чувство на туѓо тело при голтање, болка при голтање, општа слабост и слабо зголемување на температурата.
Причини: Пушење, инфективни болести, загаден воздух, вируси и бактерии.
Фарингитисот може да предизвика појава на воспаление, пневмонија и срцеви заболувања.
За да се ублажи болката се користат антисептици, ако е потребно и антибиотици.
Фарингитисот може да биде акутен и хроничен. Акутниот е со краткотрајни симптоми и брзу лекување, додека хроничниот фарингитис е воспаление на грло, кое скоро никогаш не е изолирана болестта, може да зависи од многу надворешни фактори, но и од внатрешни како: разни инфекции, хормонални нарушувања или системски заболувања.