Хепатитис претставува оштетување на црниот дроб, предизвикано од инфламаторни(воспалителни) клетки во ткивото на црниот дроб. Како причини за овој инфламаторен(воспалителен) процес најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести се хепатитис вирусите: А, Б, Ц, Д, Е злоупотребата на алкохолот , лекови, автоимуни заболувања, метаболни заболувања итн.
Хепатитис А е моментално најзастапен во нашиот град
Вирусот на хепатит А се наоѓа во изметот на болниот и може да преживее во солена или во слатка вода и во коцки мраз. Едно лице може да дојде во контакт со овој вирус…
● ако јаде недоволно технички обработена брза храна, од вода загадена со човечки измет или ако пие загадена вода
● ако има близок физички контакт со заразено лице или ако јаде од иста чинија, пие од иста чаша или користи ист прибор со него
● ако не си ги мие добро рацете по тоалет, откако ќе смени пелени на бебе или пред да приготвува храна
Кои се симптомите?
Симптомите вклучуваат чувство на болест, болки, покачена температура, гадење, губење на апетит, непријатно чувство во стомакот, проследено со темна урина, блед измет и жолтица (пожолтување на очните јаболкца и кожата). Болеста обично трае една до три недели (иако некои симптоми може подолго да потраат) и скоро секогаш болниот целосно оздравува. Малите деца кои се заразени со болеста обично немаат никакви симптоми. Хепатитисот А НЕ предизвикува долгорочно заболување на црниот дроб и смртните случаи предизвикани од хепатитис А се многу ретки. Периодот од контактот со вирусот до појавата на симптомите обично изнесува четири недели, меѓутоа може да варира од две до седум недели. Вирусот на хепатит А најчесто предизвикува акутна, не хронична болест. Во речиси сите случаи, телото се чисти од вирусот за неколку седмици или месеци. Не постои друга стандардна терапија освен одмор и соодветна исхрана. Треба да се избегнуваат алкохол и лекови што го оптоваруваат црниот дроб, како што е парацетамолот, додека лекарот не утврди дека пациентот е потполно излечен. Лицето што прележало хепатит А најверојатно нема повторно да се зарази со истиот вирус.