Коронарна бајпас операција е операција на срцето. Користи крвни садови земени од друг дел на телото за да го заобиколи или бајпасира блокираниот или стеснетиот дел на коронарните (срцеви) артерии. Операцијата им помага на луѓето чии коронарни артерии се стесниле или се блокирани поради масен материјал наречен плака. Бајпасот овозможува поголемо количество на проток на кислород низ срцевиот мускул.
Поради порастот на кардиоваскуларни заболувања ( кои се водечка причина за смртност во светот) ова е најчесто изведувана интервенција, која на пациентот му обезбедува нормално функционирање во секојдневниот живот.
Ризик фактори кои доведуваат до оваа болест се пушење, дијабетес, покачен крвен притисок, зголемени вредности на холестерол и триглицериди во крвта, возраста, наследниот фактор … Како последица на ова настанува артериосклероза во крвните садови, процес на наталожување на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови , со што се намалува нивната проодност. Кога овие масни наслаги ќе го намалат пресекот на крвните садови под 70 проценти, околните ткива и органи, немаат доволно кислород и хранливи материи и пациентите чувствуваат тегоби.
Употреба на артериски бај пас, намалување на ризик факторите и здравиот начин на живот го продолжуваат векот на бајпасот на срцето. Од големо значење е пациентот после операцијата да води здрав начин на живот а со тоа максимално да го продолжи функционирањето на бајпасот.