Ненадејната појава на болка во абдоменот која се манифестира во текот на шест часа се дефинира како акутна абдоминалана болка. Во случај на цревни заболувања, може да се појави гадење, повраќање и губење на апетитот. Пациентите кои повеќе од една недела имаат абдоминална болка мора да се обратат кај својот доктор и да се спроведе детално испитување на нивната состојба.
Белодробните инфекции, срцеви удари и фрактури на ребрата, заболувањата на желудникот и цревата, бубрежни камчиња, заболувања на машките и женските репродуктивни органи, дијабетес, проблеми со адреналната жлезда, менструални грчеви, одредени заболувања на крвта и токсични супстанци како што е морфиумот можат да предизвикаат абдоминална болка.
Постојат различни причинители на абдоминалната болка и не е препорачливо да се третираат со лекарства, добро е да се третираат со внес на храна и тоа: вода, двопек, банана и сок од јаболко.