Бронхитот претставува воспаление на големите и средните дишни патишта, кои се разгрануваат од трахеата (бронхиите), и обично е предизвикан од вирусна инфекција, понекогаш и од иритација на инхалирачки гасови, чад, честички од прашина, и некои типови на загадувачи.
Претставува една од најчестите болести кои се јавуваат кај човекот.
Симптомите кои траат до 90 дена обично се класифицираат како акутен бронхитис, додека симптомите кои траат подолго, понекогаш со месеци или години обично се класифицираат како хроничен бронхитис.
Бронхитисот започнува со симптоми на настикна: болно грло, течење од нос, слабост и болки во мускулите, лесна треска од 37,5 до 38 степени. Почетокот на кашлицата (обично на почетокот сува) сигнализира почеток на акутен бронхитис. При вирусниот бронхитис често се искашлуваат и мали количини на серозен мукус (бистра слуз). Оваа слуз често се менува од белузлава до жолта или жолто-зелена.
Воздушната хиперактивност е честа и е обично краткотрајна поради стеснувањето на дишните патишта со неспособност или ограничување на волуменот на воздухот кој поминува низ белите дробови. Оштетувањето на воздушниот пат може да биде предизвикано од чести експозициони фактори, како иританси: парфеми, јаки мириси, или вдишување на иритирачки пареи, ладен воздух, итн. Доколку оштетувањето на дишниот пат е тешко, индивидуата може да почувствува недостиг од воздух. Свирежите, особено после кашлицата, се чести.
Компликации: пневмонијата обично се појавува кај лица кои имаат примарна болест на белите дробови и како хронична обструктивна белодробна болест, кај постари лица, или лица со пореметување во одбрамбените имунолошки механизми.
Терапија: примање на голема количина на течности, одмарање во постела и избегнување на физичка активност, антитусици, намалување на покачената телесна температура со антивоспалителни лекови како парацетамол, ибупрофен, аспирин и др., капки и спрееви за одзатнување на нос и пастили за шмукање со анестетик за олеснување на болката во грлото.Антибиотиците не треба да се даваат веднаш, бидејќи инфекцијата обично е вирусна и често поминува без терапија. Антибиотската терапија се дава кај оние кои имаат поизразени симптоми, покачени вредности на леукоцити и CRP во лабораториските анализи, како и кај пациетните со висок ризик од пневмонија. Времетраењето на третманот е 5 до 7 дена, а понекогаш и до 10 дена.