Што е алергија?
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, спори, микрокрлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и др.
Како настанува?
Нормално имуниот систем функционира како одбрана од штетни агенси. Кај поголем дел од алергиските реакции имуниот систем реагира на алергенот како на штетен агенс. При првиот контакт со алергенот, организмот произведува голема колична на антитела .Овие антитела се соединенија од протеинска природа и тие се карактеристични за секој алерген. Молекулите на имуноглобулинот во организмот се прицврстени за мастоцитите (клетки присутни во многу ткива) и за крвните базофилни гранулоцити (клетки кои се ноѓаат во крвта).
Кога алергенот повторно ќе дојде во организмот, тој се прилепува за две специфични антитела, прицврстени за горе споменатите клетки. Контактот помеѓу антителата и алергените представува сигнал за мастоцитите и базофилните гранулоцити да произведуваат и ослободуваат силни инфламаторни материи, како што се: хистамини, простагландини и леукотриени. Ефектот на делување од овие хемиски материи на различни делови од телото предизвикуваат симптоми на алергиски реакции. Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите; темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис, ринитис. Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат астма.
Како се лечи ?
1. Избегнување на алергени
2. Земање на лекови кои ги намалуваат симптомите
3. Имунотерапија или комбинација од овие методи.