ПЗУ Др Миташев, Ве запознава со основните поими за анатомијата на увото
Ушите се органи за слушање и рамнотежа.Тие ја вршат функцијата во пар – ги собираат звучните вибрации и ги претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.
Човечкото уво е едно од најчувствителните сетила зад чија сложена функција стои компликувана анатомска градба.До сега не е конструиран ни еден апарат кој може да биде толку ефективен во анализата на звуци како човечкото уво.
ГРАДБА НА УВОТО
Кај човекот, увото се состои од три основни дела: надворешно, средно и внатрешно уво.
Надворешното уво се состои од ушна школка и надворешен слушен канал кои слепо завршува со надворешната страна на тапанчето.Овој дел има функција на собирање на звучните бранови и нивно насочување кон тапанчето.
Во средното уво се наоѓаат слушните коски: чеканот (maleus), наковалната (incus) и узенгијата (stapes), кои се преку чеканот во контакт со внатрешноста на тапанчето, а преку узенгијата со внатрешното уво. Овој ланец на ковчиња служи и за понатамошен пренос на акустичната енергија во внатрешното уво, бидејќи звучниот бран прво удира на тапанчето.
Слушните коски се најмалите коски во човековото тело и тие ја имаат целосната големина уште кога се раѓаме. Нивната големина одговара на мали зрно ориз, а малите зглобови кои се меѓусебно поврзани.Преку слушните коски се врши пренос на звучни бранови кон внатрешното уво.
Внатрешното уво е Перцептивниот дел на увото, сместен во т.н. полжав (кохлеата) или Kортијев орган и во полукружните каналчиња.Во полжавот звучните бранови се претвораат во електрични и се пренесуваат во мозокот како чувство на слух.Во полукружните каналчиња се врши одржувањето на рамнотежата.