Крвта е од животно значење. Таа постојано кружи низ човечкиот организам низ крвните садови. Улогата на крвта е многукратна и многустрана а како најважна е
снабдување на клетките со храна – кислород т.н размена на материите.
Анемијата или слабокрвност е нарушување што се карактеризира со намален број еритроците т.е. црвени крвни зрнца односно со недостиг на хемоглобин.
Кога недостасува хемоглобин доаѓа до анемија а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород поради што е намалена и нивната активност со кислород.
Причини за настанување на анемија се :
-недостиг на железо што е главен составен дел на хемоглобинот (храна сиромашна со железо);
-губиток на крв при обилни менструални крварења или внатрешно крварење кое може да е последица на болест (чир, тумор…);
-недостиг на витамин Б-12 и фолна киселина кои се потребни за продукција на еритроцити;
-дефектна коскена срцевина, како што е случај при леукемија ;
-инфекција (на пример маларија);
Симптоми на анемија:
Иако постојат неколку видови анемија идвоени се заеднички симптоми и знаци:
-“светки” пред очите;
-поспаност;
-вртоглавица;
-бледило;
-зуење во ушите;
-губење способност за концетрација;
-брз замор ;
-намалена работоспособност;
-срцебиење;
-мачнина;
-губење апетит;
-запек или пролив;
-нарушување на менструалнит циклус кај жените;
-губење на либидото кај мажите;
Лекување на анемија
Кога лекарот ке постави дијагноза анемија освен соодветна исхрана обично препишува и препарат базиран на железо.Ако е ниска вредноста на хемоглобинот и вкупното железо се препорачува конзумирање на свежо овошје и зеленчук, поради изобилството на витаминот Ц кој е неопходен за подобра ресорпција на железото. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции а многу ретко и интрамускулни.