Аутизмот е пореметување на мозокот кој влијае на комуникацијата и поврзувањето на поединецот со околината. Првите знаци за оваа состојба се јавуваат во раното детство…
Симптоми и знаци на аутизам:
Не гугаат до една година, Не гестикулираат до една година, Не кажуваат ниту еден збор до 16 месеци, Не кажуваат фрази од 2 збора до 24 месеци, Не сакаат да бидат прегрнувани, имаат потешкотии со зближувањето со родителите и другите луѓе, Живеат во свој свет и не се заинтересирани за игра и интеракција, Сакаат самотија, не се заинтересирани за околината и другите луѓе, Кај децата болни од аутизам може да има изразено поврзување со предмети, Бараат шаблони, создаваат свои ритуали и одбиваат промени, Имаат тенденција да ги поредуваат предметите по некој ред, Можат да повторуваат фрази и зборови наместо да употребуваат нормален јазик, Повторувачки гестикулации, на пример детето може да мафта со раката, да ја врти главата, да врти страни од некоја книга и сл, Имаат потешкотија при искажувањето на своите потреби, покажуваат со гестикулација наместо со зборови, Не можат или тешко можат да воспоставаат контакт со очи, Се смеат или плачат и се вознемирени без навидум никаква причина, Немаат страв од реална опасност, Не реагираат на говор, иако тестовите покажуваат дека нема оштетување на слухот, Не реагираат на стандардните методи на поучување, Забележливо голема или мала чувствителност на болка, Забележливо голема или премала физичка активност, Недостаток на спонтана игра.
Аутизмот е состојба која не се повлекува сама од себе, но раната дијагноза и терапија можат да донесат значително подобрување и да дадат добар исход. Со соодветна подршка луѓето кои боледуваат од аутизам можат да имаат исполнет и здрав живот.
Кои се причините за појава на аутизмот?
Доста е веројатно дека аутизмот е наследен. Кај луѓето со аутизам изведувани се скенирања на мозокот и утврдени се абнормалности во функционирањето на некои делови на мозокот, вклучувајќи ги и оние кои се одговорни за емоциите и за социјалните релации.