Имунизацијата е глобална успешна приказна во здравството и развојот, спасувајќи милиони животи секоја година.
Вакцините ги намалуваат ризиците од добивање на болест работејќи со природната одбрана на вашето тело за да создадете заштита. Кога ќе примите вакцина, вашиот имунолошки систем реагира.
Сега имаме вакцини за спречување на повеќе од 20 опасни по живот болести, помагајќи им на луѓето од сите возрасти да живеат подолг и поздрав живот. Имунизацијата во моментов спречува 2-3 милиони смртни случаи секоја година од болести како дифтерија, тетанус, пертусис, грип и сипаници.
Вакцините го обучуваат вашиот имунолошки систем да создава антитела, исто како што тоа го прави кога е изложено на болест. Меѓутоа, бидејќи вакцините содржат само убиени или ослабени форми на микроби, како вируси или бактерии, тие не предизвикуваат болест или ве изложуваат на ризик од нејзини компликации.
Кој треба да се вакцинира против грип?
Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база.
Против грип е пожелно да се вакцинираат сите луѓе кај кои не постојат пречки (контраиндикации) за вакцинација. Сепак, постојат таканаречени “приоритетни ризични групи”, на кои посебно им се препорачува редовна вакцинација со вакцина против грип секоја година.
Во оваа категорија спаѓаат:
– повозрасните лица – вообичаено оние над 65 години,
– лица со хронични форми на заболувања без оглед на возраста – пред сé: хронични белодробни заболувања (астма, ХОББ), хронични срцеви болести, хронични метаболни заболувања (дијабет, гојазност), хронични бубрежни и црнодробни заболувања
– малигни форми на болест
– бремени жени
– деца и помлади лица кои се на долготрајна салицилатна терапија (аспирин) поради некоја друга основна болест.
Најдобро е вакцината да се прими пред почетокот на сезоната на грип (октомври, почеток на ноември), за да може организмот да развие имунитет навреме. Не е штетно или недозволено да се прими вакцина и подоцна во текот на сезоната, но тогаш се зголемува можноста човекот да заболи пред да биде заштитен.
Дали треба да се вакцинираме секоја година? Вакцината му обезбедува заштита (имунитет) на организмот од вирусот на грип во времетраење од најмногу една година и затоа е потребно вакцинацијата да се повторува секоја година пред започнување на сезоната на грип.
Кои се најчестите несани реакции после вакцинација?
Тоа се најчесто благи, локални реакции – болна осетливост, црвенило и оток на местото на убодот. Во ретки случаи може дададе и системски реакции во смисла на покачена телесна температура, треска, главоболка, мускулни болки, малаксаност или гадење, но и овие симптоми траат кратко и се губат во рок од 24-48 часа. Исклучително ретко може да дојде до појава на тешки, живото-загрозувачки несакани реакции од типот на алергиски реакции, како што е на пр. анафилактичен шок.