Вирусните брадавици се често кожно заболување кое подеднакво ги засегнува и двата пола. Тие изгледаат како мали и меки кожни израстоци кои често се размножуваат ако не бидат отстранети со време.
Се појавуваат на места каде што има поголемо триење на кожата и поголемо лачење на пот; кожата на вратот, рацете, лицето, пазувите, грбот, стапалата и под градите. Најчесто се мали (околу 2-5 мм во дијаметар), но ако не се отстранат на време тие растат и до неколку сантиметри.
Предизвикувач е некој од поттиповите на хуман папилома вирус. Verrucae vulgares (обични брадавици) се појавуваат најчесто на прстите.
Брадавиците се со разновиден изглед и не се опасни, доколку не се допираат/разрануваат или од некои причини почнуваат да се менуваат (облик, боја). Брадавиците треба да се разликуваат од бемките-Младежи. Бемките се локализирани места на кожата каде е пигментирана со меланин материја.
За лекувањето и отстранувањето на брадавиците одлучува дерматолог, а по потреба и пластичен хирург. Која терапија лекарот ќе ја избере, зависи од видот на брадавицата, нивниот број, местото каде се лоцирани, но и од годините на пациентот и неговата општа здравствена состојба.
Единствен начин за нивно трајно отстранување е радиобрановата терапија.