Цитостатиците ја надразнуваат слузницата која од внатре ги обложува органите за варење (желудникот и цревата), поради што може да се јави мачнина и гадење, а многу поретко и повраќање.
Повраќањето или блуење претставува експулзија на содржината на желудникот преку устата. Најчесто повраќањето е претходено со гадење, потење и зголемена саливација, но може да се случи и сосема ненајавено. Контролирано е од посебен центар во мозокот, нареченцентар за повраќање кој може да се надразни на повеќе начини. Најчесто, дразбата стигнува одгастроинтестиналниот тракт (уста, хранопровод, желудник и црева) кога било кој негов дел е премногу потечен, надразнет или иритиран. Нервни импулси, исто така, можат да пристигнат и од балансирачкиот механизам на внатршното уво. Центарот за повраќање тогаш испраќа импулси до абдоминалниот мускул задолжен за повраќањето. Мускулите на абдоменот тогаш се стегаат и дијафрагмата турка надолу. Овие контракции го притискаат абдоменот и го зголемуваат притисокот во него. Тогаш езофагниот сфинктер (мускулот помеѓу желудникот и езофагусот) се опушта со што дозволува на содржината на желудникот да излезе нагоре.
Околку се јави мачнината како несакан ефект, таа обично започува по неколку часа од терапијата и може да трае и наредниот ден, но обично изчезнува по неколку дена.
ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА Е ВАЖЕН ФАКТОР ЗА ПОВРАЌАЊЕ.