Тоа е болка која се јавува во пределот на главата или горниот дел на вратот. Главоболката не е со потекло од мозокот затоа што тој нема рецептори за болка. Неа ја предизвикуваат атаки врз разни структури кои се наоѓаат околу мозокот (мозочните обвивки, крвни садови, периостот, мускулите, нервите, очите, синусите и сл.). Најчести причинители за главоболка се: заморот, предолго задржување пред телевизор и компјутер, читањето, стресот и алкохолот.
Главоболките се поделени на примарни и секундарни.
Во примарни спаѓаат:
*Тензиони главоболки – најчести, позади во тилот и во вратот, чувство на притисок врз главата, нема гадење, дозволуваат колку-толку да функционираме. Поминуваат спонтано, но и со аналгетици доколку има потреба.
*Мигрена – тоа е унилатерална главоболка. Често пред нејзиниот почеток се јавува аура – визуелни светлечки сензации. Болката е силна, пулсирачка, пропратена со наузеа и повраќање, со фотофобија и фонофобија. Може да трае и до 72 часа. Потребен е мир, во тивка и темна соба.
*Кластер главоболки – поретки се нo и најнеиздржливи. Болката е многу силна, како некој да боди со остар предмет во окото.Често се јавуваат во епизоди во текот на денот, траат 30-90 мин, а може да сe јават 1-2 пати дневно. Карактеристично е што се јавуваат во ист период од денот, а често го будат болниот од сон.
Во секундарни главоболки спаѓаат оние кои потекнуваат од некое примарно заболување, како на пример: тумор на мозокот, менингитис, енцефалитис, крварење во мозокот, покачен крвен притисок, анеуризма и др. Тука е потребно итно третирање на причината. Болките се постојани, не поминуваат со аналгетици, и пропратени се со други симптоми.
Третман и превенција на главоболките
*добар сон, одмор
*да се избегне стресот – спорт, медитација и сл.
*здрава исхрана
*редовни контролни прегледи
*контрола на покачениот крвен притисок
*третирање со аналгетици.