Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да се посети логопед, бидејќи проблемот со говорот е во директна врска со моториката.
ДИСЛАЛИЈА е нарушување на изговарањето на гласовите (артикулацијата), пореметување на говорот, т.е неправилност или неможност во изговарање на поедини гласови.
Се дели на органска и функционална дислалија.
Органска дислалија е пореметување во анатомијата на артикулацијата на говорот, како на пр. Краток јазик, слабо подвижен јазик, пореметуваање во развој на забите, голем задебелен јазик, расцеп на непцето, расцеп на вилицата, расцеп на усните и разни останати малформации на јазикот и вилиците.
Функционалната дислалија предизвикана е од пореметена функција, на пример слушање или забавен говорен развој.
АЛАЛИЈА е состојба на целосно неразбирање на говорот и јазикот кај деца кој имааат зачуван слух, но не се во состојба да ја разберат говорната порака поради перцептивни пореметувања кои настанале со оштетување или дисфункција на ЦНС, на ниво на аудитивни, репрезентативни кортикални области.
Се дели на: Сензорна и моторна.