Дијареата значи зачестено минување на истенчена, неформирана и водена столица.
ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ
Дијареата може да биде акутна и хронична. Цревата нормално преработуваат повеќе од 10 литри течност на ден што се должи на исхраната и на секрецијата во стомакот, црниот дроб, панкреасот и останатите црева. Во случај на дијареа, водата е или не доволно абсорбирана или има вишок на измет. Потоа се испраќа кон дебелото црево чиј капацитет за задржување на вода е ограничен. Затоа, потребата за празнење се зачестува.
Главните причинители на дијареа е прејадувањето или јадењето на погрешна храна, гниење на храната во цревата, ферментирање предизвикано од нецелосна дигестија на јаглехидратите, надразнетост на нервите, употреба на антибиотици, како и зачестена употреба на лаксативи. Останати причинители се паразитите, бацилите, вирусите, бактериите, или отров кој може да биде внесен во телото преку исхраната, водата или воздухот; потоа алергии на определени супстанци или храна како млеко, жито, јајца и морска храна, емотивна напнатост или стрес кај возрасните како и плашењето кај децата.
Лекување
Постојат многу едноставни постапки кои може да се превземат со цел да се намалат симтомите на дијареата. Треба да се внесуваат само течности преку уста и да се избегне конзумирање на солидна храна и млеко. Може да се применат и терапевтици за кои не е потребен рецепт. За експлозивна или перзистентна дијареа лекувањето ќе зависи од дијагнозата. За среќа најчесто дијагнозата лесно се поставува и веднаш може да се започне со лекување.