Епилепсијата е едно од најчестите хронични невролошки заболувања.Тоа е нарушување на мозочната активност кое се карактеризира со епилептични напади.Нашите мисли,постапки и чувства ги контролираат клетки во мозокот кои меѓу себе комуницираат преку постојани електрични импулси. Ненадајна навалица на поголема електрична активност го нарушува овој вообичаен тек,при што доаѓа до епилептичен напад.
Постојат различни видови на напади како :
Прости делумни напади: Напади кои влијаат само на еден дел од мозокот,кој контролира одредена активност или дел од телото.За време на нападот лицето е свесно.Нападот трае помалку од минута и после нападот лицето закрепнува.
Сложени делумни напади: Овие напади исто така настануваат само во одреден дел на мозокот но ја менуваат свесноста.Така лицето станува зашеметено и да прави необични работи.
Напади кои предизвикуваат умствена отсутност: Ова се општи напади кои го зафаќаат целиот мозок,лицето ја губи свесноста но ретко паѓа на земја.Најчесто се јавуваат кај деца.Се манифестираат со отсутност,односно занесеност,превртување на очите или трепкање со очните капаци.Тешко се распознава обична занесеност и ваков вид на напад.Но ваквите напади доаѓаат ненадајно и може да ја јавуваат повеќе пати во текот на денот,при што може да влијаат врз концентрацијата и учењето ако се работи за ученик.
Миоклоничните напади се неконтролирани грчови на мускулите: Овие напади обично се случуваат набргу по будењето или пред легнување, кога лицето е изморено.
Тонични напади: Ова се напади кои предизвикуваат вкочанување на мускулите.Може да се јават во серии за време на спиењето,а доколку лицето е будно и спои може да падне,и да ја повреди главата.
Атонични напади: Овие напади влијаат врз затегнатоста на мускулите,и лицето исто така паѓа наземи.Можна е повреда на главата или лицето.Во двата случаи препорачливо е да се носи заштитен шлем за да се намали ризикот од повреда.
Тонично-клонични напади:Кога ќе се спомене епилепсија,обично мислиме точно на овој вид.Овој вид на епилепсија го зафаќа целиот мозок,при што лицето ја губи свесноста,паѓа и прави неконтролирани силни ритмички движења.Веројатноста дека нападот може да му наштети на лицето е многу мала,но може да се повреди во околнте предмети или да си го гризне јазикот.Затоа е многу важно да се знае како да се постапи при ваков случај.
ТЕРАПИЈА
Терапијата на епилептичните напади се состои од два елемента: (1) да се превенираат рецидивите на нападите (2) да се спречи појавата на тешки напади (на пр. статус епилептикус).