Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и целосна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.
ШТО Е ВАКЦИНА?
Вакцината е биолошки препарат кој го зголемува имунитетот кон некоја болест.
Вакцините се биолошки продукти кои се подготвени од живи микроорганизми. Тие може да содржат делови микроорганизми, протеини или некои други производи од микроорганизмот. Процесот на создавање на вакцините е долг, може да трае и до 22 месеци.
Некои од најважните вакцини се : против сипаници, беснило, тетанус, детска парализа, туберколоза, грип и сл.
ШТО Е ИМУНИЗАЦИЈА?
Имунизацијата претставува процес на внесување на цел микроорганизам (бактерија или вирус) или само дел од микроорганизмот или пак некој негов продукт. Притоа тие може да бидат и атенуриани што значи да ја изгубат сподобноста да предизвикаат болест, но сепак имаат зачувана имуногеност (способност да предизвикаат имунолошки одговор). Во текот на имунизацијата доаѓа до формирање на антитела и памтечки лимфоцити против причинителот на болеста.
ОД КОИ БОЛЕСТИ МОЖЕ ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ СО ВАКЦИНИТЕ КОИ ВИ ГИ НУДИМЕ?
-Дифтерија, грип, хепатитис А, хепатитис Б, инфекции со S. pneumoniae, пертусис, полиомиелитис, рабиес, тетанус, жолта треска…
Бенефити од вакцинацијата: Создава отпорност на организмот кон заболувањата, го спречува ризикот од заболување, ја спречува смртноста од заболувањето, спречува инвалидитет и други последици, допринесува до колективен имунитет, спречува појава на епидемии од заразни болести, обезбедува здраво поколение.