Меланомот е најсериозниот, најмалигниот карцином на кожата и слузниците. Се шири многу брзо по лимфен и крвен пат во другите делови на телото и тогаш неговото лекување е потешко, a исходот може да биде и фатален. Може да се најде и на други локализации.
Меланомот потекнува од меланоцитите, клетки кои го создаваат меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите.
Малигниот меланом е рак на кожата кој потекнува од меланоцитите.
Меланомот најчесто се развива од веќе постоечки невуси (бемки) на кожатa.
Станува збор за еден од најсериозните малигноми, бидејќи може да зафати и други органи, да предизвика сериозни нарушувања на здравјето кои тешко се лекуваат и често завршува со смрт. Раната детекција на меланомот е од витално значење, затоа што во најголем дел од случаите може да се обезбеди потполно лечење со мала хируршка интервенција.
Промени кои што се значајни во бемката се:
• Асиметрија
• Гранична неправилност
• Боја на бемката
• Дијаметар поголем од 6 mm.
Третманот на малигниот меланом е примарно хируршки.
Фактори на ризик:
-прекумерно (неконтролирано) изложување на сонце, односно ултравиолетово зрачење (професија или хоби)
-пигментираност на кожата, односно лица со светла кожа
-возрасни над 50 години
-лица со над 50 бемки
-меланом во фамилијата
-изгоретини од сонце
-интензивно сончање во краток временски период (на одмор)
-користење на солариум
-зрачна терапија.
Препораки како да се заштитиме?
Секогаш кога вашата сенка е покуса од вас, заштитете се од сонцето.
Избегнувајте изложување на сонце меѓу 10-16 часот доколку обврските ви го дозволуваат тоа.
Заштитете се од ултравиолетовите (УВ) зраци кои се рефлекираат од песокта, водата и снегот.
Заштитете ја кожата со нанесување на лосиони, креми или гелови кои содржат УВ филтри.