Изборот на лекар не е само право, туку и должност на осигуреното лице, заради тоа што права на здравственото осигурување(користење на здравствени услуги од ПЗУ, лекарски прегледи, потребни медицински интервенции и следење на здравјето на осигуреното лице) може да се остварат само преку избраниот лекар.
Правото на избор на лекар е лично право, освен за деца до 14 години и деловно неспособните лица каде изборот го врши старател и се врши без оглед на местото на живеење и работа.Децата кои се на школување надвор од местото на живеење може да изберат лекар од општа медицина и во местото на школување.
Во случај на отсуство на избраниот лекар истиот е должен да определи друг лекар од својата или од друга здравствена установа, која врши иста дејност.
Промената на избор на матичен лекар и истовремена одјава на претходниот матичен лекар може да се врши најмногу два пати во годината.
Правото на избор на матичен лекар се врши во избраната здравствена установа преку веб порталот на ФЗО и со пополнување на ил образец.
Се што е потребно е со себе да ја земете здравствената лигитимација, статус на осигурено лице и да се обратите кај посакуваниот матичен лекар без претходни одјави од претходниот матичен лекар.