Услуги во Општа Ординација:
-Преглед на пациенти по системи (Инспекција, палпација, перкусија, аускултација).
-Едукација, превенција и промоција на здравјето на пациентите.
-Ординирање на терапија (ампуларна-интрамускулни, интравенски и субкутани инјекции).
-Мерење на крвен притисок, ЕКГ преглед со дигитална технологија.
-Преврски.
-Одредување на гликемија во капиларна крв.
-Инхалација.
-Издравање на медицински потврди, лекарски уверенија, упати за специјалистички прегледи…
Услуги и интервенции во ОРЛ ординација:
– Отоскопско испитување (проценка на состојбата на надворешниот ушен канал и аудитивната мембрана);
-Предна риноскопија (преглед на предниот и средниот сегмент на мукозата на носот и носната празнина);
-Орофарингоскопија (преглед со шпатула во грлото);
-Киберназофарингоскопија (преглед на задниот дел на носот, назофарингеален простор,);
-Стробоскопија (испитување на гркланот и гласините жици);
-Аудиометрија (TLA) метод за мерење на слухот;
-Тоалета на ушите;
– Екстракција на туѓо тело од уво;
-Екстракција на туѓо тело од носот; Екстракција на туѓо тело од грло;
-Предна назална тампонада;
-Примена на газа со лек во увото и / или носот;
-Тоалета на крајници;
-Земање на брисеви од нос, грло и уво;
-Назален тоалет;
-Аспирација за лачење од носот;
– Инхалации;
-Палпација на лимфните јазли на вратот …
Тимот на ПЗУ Д-р Миташев е секогаш спремен со задоволство да им помогне на нашите пациенти.
Доколку ви се потребни било какви информации за услугите на нашата ординација, слободно контактирајте нѐ.
За услугите кои ги врши можете да се информирате во самата ординација, на телефонскиот број 032/ 388 – 000
моб. 074/608-000,
на нашата веб страна www.drmitasev.com или на https://www.facebook.com/drmitasev/.