Гласот претставува идентитет на еден човек, неговите особини, потекло, преку кои се изразува. Гласот е најважно средство за комуникација.
За извршување на секојдневните активности неопходен е чист и квалитетен глас, доколку од некоја причина се изгуби квалитетот на гласот велиме дека има пореметување на глас (шум во гласот, чувство на напнатост на гласот, слаб глас, заморување на глас, потреба за кашлање, болка во грло, врат и рамена).
Факторите кои го оштетуваат гласот се делат на внатрешни и надворешни.
Внатрешни фактори се: состојба на централниот нервен систем, состојба на фонациски апарат, примање на повратни информации, функционирање на ендокриниот состав, психичка состојба и конституција.
Надворешни фактори: пушење, алхохол, врева, загаденост на атмосверата, конфликти, професионални фактори, трема, неправилна вокална техника.
Доколку осетите потешкотии во говорот треба да се обратите на ОРЛ преглед, каде што со ларингоскопија ќе се изврши преглед на ларинкс и хипофаринкс, како и процена на функционалните способности на ларинксот.