Што е примарен билијарен холангитис?
Тоа е ретка автоимуна болест на црниот дроб. Таа настанува како резултат на бавно, прогресивно уништување на жолчните канали во црниот дроб.
Телото мисли дека жолчните канали во црниот дроб се страни тела и се обидува да ги уништи врските до овие канали.
Жолчните канали служат за да се овозможи проток на жолчка од црниот дроб, па нивното оштетување доведува до недоволен проток на жолчните киселини, предизвикувајќи жолчката и другите токсини да се наталожат во црниот дроб и да доведат до состојба која се нарекува холестаза. Овие киселини потоа се излеваат од жолчните канали во црниот дроб, оштетувајќи ги црнодробните клетки, што доведува до воспалување и оштетување на црниот дроб.
Продолженото оштетување на црнодробното ткиво може да доведе до фиброза и евентуално цироза.
Како да го препознаеме?
Главни симптоми кој штп се јавуваат како последица на оваа болест и кои можат да ни помогнат да ја препознаеме се:
-Безпричински замор
-Чешање
-Пожолтување
-Сува кожа, очи и слузници
-Надуеност во пределот на абдоменот од насобрани течности
-Проширени крвни садови во хранопроводот
-Хепатална енцефалопатија која во екстремни случаеви може да резултира и со кома.
Дијагноза:
Тестови на црн дроб, крвна слика, абдоминален ултразвук, магнетна резонанца на црн дроб или Компјутерска томографија, биопсија на црн дроб или во некои случаеви е потребна и ендоскопија.
Поради реткоста на оваа болест може да биде многу тешко да се дијагностицира на време, затоа се препорачува да:
-Редовно се прават крвни тестови за хепатални ензими;
-Престанете со пушењето, пиењето алкохол и користење на илегални супстанци;
-Редовно примајте ги лековите препишани од вашиот матичен лекар;
-Јадете здрава, разновидна и балансирана храна, богата со витамините А, Д, Е и К;
-Бидете физички активни, редовно вежбајте и излегувајте на прошетки.