Светскиот ден на бубрегот е глобална кампања чија цел е да ја подигне свеста за важноста на нашите бубрези.
Сето тоа го правиме за да создадеме свест.
Свесност за превентивното однесување, свесност за факторите на ризик и свесност за тоа како да се живее со бубрежна болест.
Ова го правиме затоа што сакаме здравје на бубрезите за сите.
Тие се пар органи лоцирани во грбниот дел од стомачната празнина. Секој бубрег е затворен во капсула од сврзно ткиво, а исто така бубрезите се обвиени со масно ткиво кое ги штити бубрезите од: повреди, потреси и настинки (термоизолатор).
Бубрезите всушност претставуваат: “филтри на крвта“! Овие филтри вршат отстранување (екскреција) на непотребните (вишокот) органски и неоргански материи (екскрети) од крвта кои ја формираат урината – “мочта“. Понатаму урината се исфрла во надворешната средина преку мочниот канал.
Тој е витален орган за живот бидејќи го регулира излачувањето на отпадните материи, хидро-електролитниот баланс, па дури и крвниот притисок.