Морската вода се користи веќе долго време во терапевтски цели. Хипократ, таткото на модерната медицина, ги открил лековитите својства на морската вода, гледајќи колку брзо таа ги лекувала раните на рацете на повредените рибари. Морскиот воздух и вода се навистина добри како за вашето тело, така и за вашата душа.
Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот здрав живот – натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум…
Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува позитивно делување на минералите и сите останати елементи врз нашето тело.
– Морската вода има антисептички и антихистамински дејства, заради што делува благотворно кај кожните алергиски реакции. Чистиот морски воздух е заситен со негативни јони, заради што се олеснува дишењето и поволно делува на луѓе кои боледуваат од астма
– Сончањето не ни носи само убав бронзен тен, туку и доволни количини витамин Д. За сончање одбирајте ги раните утрински или доцните попладневни часови.
– Ако патите од било какви болки во мускулите и коските, пливањето во солена вода е најдобриот лек.
– Сината боја на морето и гледањето во далечина е поволен ефект врз нашите очи.
– Морска вода има позитивен ефект врз психолошката состојба на човекот: дава чувство на мир, стабилност и доверба, го зголемува нивото на животна енергија во телото, го подобрува спиењето и помага во борбата против стресот.
– Капење во море ги активира природните лековити механизми кои ги има човековото тело. Истражувањето потврдува дека морската вода го активира имунолошкиот систем и ја зголемува способноста на телото да се самолекува.
…Ако не можете да отидете на море…
Одличен одмор може испланирате дури и дома. Прошетка во шумата, вежбање, сончање, пливање во реката или езерото, да се избегне стресот, оставете го ТВ, мобилниот телефон, компјутер и видео игрите, земјете ја од полица омилената книга – читајте! Дозволете си сон повеќе од вообичаено, набавете си морска сол и дома направте си бања од морска сол.