Иако претставува сериозно заболување, досега слип апнеа не се сметала за болест.
Кај слип апнеа пациентите престануваат да дишат во интервал од 10 до 15 секунди, или од 15 секунди до две минути, а недостатокот на кислород може да биде причина и за други заболувања.
Кога престанувате да дишeте, кислородот во крвта почнува да паѓа на што реагира мозокот и ве буди, за да продолжите да дишете. Овие будења не ви дозволуваат да влезете во длабок сон, туку постојано сте во површен, не ве одмора и наутро се будите уморни, тешко го напуштате креветот, имате утринска главоболка и сe` почесто се успивате кога на момент престанувате со некоја работна активност.
Симптоми кај слип апнеа:
Гласно рчење, гушење, поспаност во текот на денот, утрински главоболки, проблем со концентрацијата во текот на денот, суво грло.
Постапка за дијагностицирање:
Пациентот треба да преспие, со поставен апарат полисомнограф, се монтираат електроди на главата и се прави снимање. Компјутерската снимка се обработува следниот ден, се читаат резултатите и се дава дијагноза.
Доколку не се лекува, може да го зголеми ризикот од појава на сериозни здравствени проблеми, какви што се: висок крвен притисок, неправилна работа на срцето и срцеви напади, мозочен удар и дијабетес. Резултатите од истражувањата укажуваат на тоа дека пациентите кај кои навремено не е откриена ноќната апнеа користат двојно повеќе здравствени услуги од останатите.
Лекувањето е со консултација на ОРЛ специјалист.