Социјалната фобија е проблем со кој се соочуваат голем број на луѓе.
Таа делува онеспособувачки, предизвикувајќи прекумерен, неоправдан страв од други луѓе или ситуации кои вклучуваат поголем број на луѓе. Лицата кои страдаат од социјална фобија често се оптеретуваат со тоа каков впечаток ќе остават врз останатите. Често и премногу ги анализираат интеракциите со другите и често најмногу внимаваат на своите недостатоци.
Постојат неколку типови на социјални фобии, некои луѓе чувствуваат тегоби и нервоза во ситуациите во кои мораат да бидат во средиштето на нечие внимание, за овие типови на личности се кажува дека патат од генерализирана социјална фобија. Други лица пак, чувствуваат страв од одредени социјални ситуации додека пак со други немаат никаков проблем. Во овој случај се работи за специфични социјални фобии затоа што личноста чувствува страв од одредени ситуации.
Кои се најчестите тригери кои предизвикуваат појава на социјални фобии?
– среќавање на нови луѓе;
– да се биде во центарот на внимание;
– да се биде набљудуван додека се извршува некоја активност;
– јавно говорење;
– изведба на сцена;
– да се биде криткуван или исмеван;
– страв од авторитетните фигури;
– прв состанок;
– правење на телефонски повици;
– користење на јавни WC-а;
Најчести физички симптоми кај лицата со социјална анксиозност се:
– појава на црвенило на лицето;
– недостаток на воздух;
– вознемирен стомак, вртоглавица;
– треперење на телото/гласот;
– забрзано чукање на срцето и стегање во градите;
– потење;
Најчесто овој проблем се надминува со помош на психотерапија. Понекогаш стручното лице може да реши дека се потребни и лекови за надминување на проблемот.