Туберкулозата е заразна болест. Се пренесува преку близок и долготраен контакт со инфицирани лица или предмети, а бактериите може да се пренесуваат и по пат на кивање, кашлање, зборување. Не се пренесува преку заедничко користење на домашни прибори, шољи или чинии или преку плунката при бакнување со некого.
Што е туберколоза?
Туберколозата ја предизвикува бактерија (бакцил). Таа е болест која ги зафаќа белите дробови, меѓутоа секој друг орган може да биде зафатен, пр.мозокот, бубрезите или ‘рбетот. Туберколозата може да биде активна или притаена (ако не се лекува активната може да предизвика сериозни здравствени проблеми дури и смрт).
Обично кога човек има симптоми како кашлање подолго од три недели, кашла крв, болка во градите, треска и покачена телесна температура подолго од три недели, губење на апетитот и слабеење, малаксаност, може да се појави сомнеж дека се работи за туберколоза. Дали инфекцијата ќе се развие во болест најчесто зависи од имунолошкиот систем.
Пушењето ја зголемува подложноста на инфекцијата, ризикот од повторување, смртноста, како и долготрајноста.
Лекување на туберколозата
Болните од туберколоза се регистрираат и лекуваат во диспанзери и болници за белодробни заболувања.