Речиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат болка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот. Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, укажуваат на воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма.
Во минатото се мислело дека овие тегоби се последица на стрес, кисела храна и лошите животни навики, како што се пушењето и алкохолот. Денеска се знае дека најчеста причина за оваа инфекција е бактеријата хеликобактер пилори .
Helicobacter pylori (H. pylori) е вид на асимптоматска бактеријата која предизвикува инфекција во стомакот. Од неа страдаат околу две третини од населението во светот и може да се пренесува прекунечиста храна и вода. Ако не се лекува, може да предизвика чир или рак на желудникот. Без соодветен медицински преглед,оваа бактерија тешко се детектира.
Инфекцијата обично се стекнува во детството. Со стареење застапеноста на инфекцијата е се почеста. Оваа инфекција е заразна, со најверојатен пренос на бактеријата од човек на човек, (живеењето во густо населени домови, општества во развиени земји со лоши санитетски услови, како и чест контакт со луѓе кои се извор на ХП се меѓу главните ризик фактори за инфекција. Бактеријата е изолирана од измет, плунка и вилицата на човекот. Кај животните единствен познат носител на бактеријата е мачката.
Кога треба да се посомневате?
H. pylori може да предизвика различни симптоми, а најчестите вклучуваат: надуеност, металоиди, езофагеален рефлукс, запек, дијареа, и непријатност во горниот дел и во средината на стомакот.
Методи за утврдување на хеликобактер: Крвна анализа и анализа на фецес (столица) и др. Анализи.
Кои заболувања ги предизвикува хеликобактер пилори?
Хеликобактер пилори инфекцијата предизвикува:
• Воспаление на желудникот ( гастритис ) и на дванаестопалачното црево
• Чир на дванаестопалачното црево и желудникот
• Малигно заболување на крвниот систем ( кај 1% од заразените)
• Карцином на желудникот ( кај 1-2 отсто од заразените).
Лекувањето се спроведува со т.н. тројна или тривалентна терапија во период 1-2 недели (околу 10 дена се примаат два различни антибиотика и еден инхибитор, кој го намалува лачењето на желудочната киселина. По десетдневната тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонска пумпа за извесен период. Доколку бактеријата се’ уште е присутна и покрај редовно користената терапија и пациентот има и понатаму симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците, или пак се користи и т.н. четиривалентна терапија.