Додека акутниот бронхитис обично поминува после две недели, тегобите од хроничниот бронхитис траат најмалку три месеци за време на две последователни години и се последица на хронична иритација на слузокожата на трахеата и бронхиите од чадот од цигари, штетни гасови или професионална изложеност на органски или неоргански прашини.
Бронхитисот е воспаление на слузокожата на долните партии на респираторниот тракт – душникот и бронхиите. По должината на траење на симптомите, причинителот на настанување и начинот на лекување, се дели на акутен и хроничен бронхитис.
Симптоми на хроничниот бронхитис:
Хронична кашлица пропратена со искашлување во текот на болеста;
Чувство на гушење;
Замор;
Зачестени инфекции на дишните патишта;
Предизвикувачи и иритатори:
Цигарите, се еден од најважните фактори за појавата на оваа болест (кај пациенти што престанале да пушат прогресивноста на болеста драстично се намалува).
Секаков вид на чад, бензински препарати, бои и лакови, прашина,во најчести случаи домашната прашина, живеење во загадена средина,каде нивото на издувните гасови од автомобилите ја поминува нормалната граница, живеење близу фабрика која испушта материи кои ги дразнат дишните патишта.