На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.
Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, воден од алтруистички побуди е благородно дело.
Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест.
За да станете крводарител, потребна е желба и мал дел од Вашето време.
Да се спаси нечиј живот е многу хуман гест. Имајте на ум дека со само една дарувана кеса крв можете да спасите и до 3 или 4 животи. Тоа е затоа што од една единица полна крв се прават повеќе производи.