Избегнете го феноменот на бел мантил (скок на артерискиот крвен притисок во лекарските ординации), со поставување на ХОЛТЕР монитор за притисок.
ХОЛТЕР мониторинг е континуирано следење на крвниот притисок во тек на 24 часа, додека ги извршувате вашите секојдневни активности. Тоа е едноставна безболна процедура.
Најкорисна метода за одредување на моментот кога треба да се отпочне со земање на лекови за регулирање на крвниот притисок, во кое време треба да се зема лекот, дали наутро или навечер, дали вечерната доза треба да биде помала или поголема од утринската. Крвниот притисок се менува во текот на денот во зависност од активноста и од состојбата на стрес што му се случува на човекот. Од 100 лица со висок крвен притисок 30 не знаат дека страдаат, а кај 40 не е добро регулиран. Последици од високиот крвен притисок се поголеми шанси за добивање на срцев и мозочен инфаркт.
Како се изведува процедурата?
Се изведува на тој начин што на пaциентот околу појасот му се монтира апаратчето кое е во големина на еден мобилен телефон и истото се поврзува со манжетна која се става на надлактицата на пациентот. Самиот апарат компјутерски е програмиран да на секои половина час го мери артерискиот крвен притисок и пулсот, а добиените вредности потоа компјутерски се обработуваат и анализираат при што се добива графички приказ на добиените вредности. Од направената анализа добиваме увид во дневно-ноќните варијации на артерискиот крвен притисок, пулсот, средната вредност на артерискиот крвен притисок.