ВЕЖБАЊЕТО освен што придонесува да изгледате убаво и затегнато, исто така позитивно влијае и на срцето, кожата, расположението дури и на кариерата.
Постојат неколку причини зошто е тоа подобро.
1.ЗДРАВО СРЦЕ
Вежбањето прави вашето срце да пумпа крв, а со оглед на тоа што срцето е мускул, на тој начин и се зајакнува и станува поиздржливо.Болестите на срцето се навистина чести но можете да ги намалите преку вежбањето.
2.ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА РАБОТА
Многу истржувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето, бидејќи ви дава можност да го ослободите умот од проблемите и се чувствувате поодморени и полни со елан.
3.ПОЈАКИ КОСКИ
Вежбањето помага во борбата со остеопороза.
4.ЧИСТА И СЈАЈНА КОЖА И ПОУБАВА КОСА
При вежбањето е зголемен протокот на крв во лицето и исфрлувањето на нелистотијата преку потта, со што се подобрува изгледот на вашата кожа.
5.ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА
Вистина е дека после вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е тоа што подоцна ја зголемува енергијата..
6.ПОДОБАР СОН
Вежбањето неколку пари во текот на неделата влијае позитивно на квалитетот на сон.
7.ПОДОБАР ИМУНИТЕТ
Редовното вежбање може да му помогне на телото да се избори со настинките, грипот и останатите вируси.
8.СПРЕЧУВА ПМС СИМПТОМИ
Ги олеснува болките во тој период и ги намалува крчевите во стомакот.
9.ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ
Кога вежбате мозокот испушта поголеми количини ендорфин кој влијае на подобрување на расположението и тоа со часови.