Гнојната ангина е позната и како воспаление на крајниците. Тие служат да спречат влез на бактерии или вируси во грлото.
Крајниците се јајцевидни жлезди кои се наоѓаат на двете страни на грлото, дел се од имунолошкиот систем и имаат улога во одбраната на организмот од многу болести.
Воспаление на грлото и гнојна ангина се вообичаени инфекции и најчесто се јавуваат кај деца под 3-годишна возраст. Се јавува во текот на целата година, но почесто во постудените месеци, особено во зима и рана пролет. Обично се јавува поединечно, но можни се и помали епидемии. Сепак, не ги заобиколува ниту возрасните. За да се спречи појавата на оваа болест кај децата и возрасните, важно е превентивно да се делува за зајакнување на имунитетот.
Симптоми на гнојната ангина се црвенило во грлото, присутност на плак на крајниците, губење на апетитот, зголемена телесна температура, главоболка, осип во устата или на кожата, воспаление на слузницата на очите, болки во стомакот, болка во грлото која се шири кон ушите, отечени крајници со бели дамкиi, задишаност, поспаност и слабост, отечени лимфни жлезди на вратот и под вилицата, промени во гласот или губење на гласот, кашлица и течење на носот, повраќање и мачнина.
За гнојната ангина секогаш се припишува антибиотик и важно е болниот да мирува, да одбегнува крута и зачинета храна и да пие многу течности. Потребно е да се храни со каши, супи и пире.
Гнојната ангија претставува заразна инфективна болест која се пренесува под влијание на околните фактори, преку капки, воздухот или со активација на сопствените микроорганизми во телото.