Високите температури кои се карактеристични за летото, со
себе носат и многу опасности. Болест за која треба
да внимавате во лето, кога сте на базен…
Во текот на капењето во базен, слушниот канал е директно
изложен на нечиста вода. Како последица на тоа, може да дојде до воспалување на
увото. Првиот симптом се манифестира како болка која се чувствува сè посилно
како што болеста напредува. Понекогаш се појавува секрет од увото, зголемена
температура и наглувост. На базен може да
дојде до воспаление на надворешното уво, кое уште се нарекува пливачко уво. На
пливачите им се советува по излегувањето од базен да стават антисептик капки во
уво, а на сите останати им се советува да не користат стапчиња за уши.
Лечењето се состои од локална нега на заболеното уво,
антибиотска терапија и забрана увото да се навлажнува.
Превентивата е одржување на суво уво и избегнување на
сомнителни или загадени води. Сува тоалета со тапкање со сува крпа со претходно
зафрлање на главата на страна па дури и потскокнување е препорачана постапка, а
секакво агресивно буричкање во ушните канали е само провокација за воспаление.
Употребата на капици, тампони или тапи. Пливачките капи се сосема
доволна заштита, а употребата на маслиново масло дополнително го намалува
престојот на водата во ушните канали, се разбира пласирани пред водените
уживања.