Белова парализа или пареза на лицевиот нерв, претставува слабост на лицевата мускулатура на едната половина на лицето. Настанува поради оштетување на лецевиот нерв (n. facialis,) кој е одговорен за контрола на мускулите на лицето.
Симптоми
- Слабост или целосна парализа на лицевата мускулатура од едната страна, која се развива во период од часови или неколку дена, предизвикувајќи несиметрична насмевка и отежнато затворање на окото од зафатената страна;
- Израмнување на лицето и исчезнати мимични движења на болната страна што претставува главен симптом;
- Болка во пределот на вилицата или позади увото на зафатената страна;
- Зголемено солзење или намелено солзење кое предизвикува суво око;
- Намален осет за вкус од зафатената страна;
- Зголемена осетливост на звук (хиперакузија) од зафатената страна;
- Понекогаш и чувство на отрпнатост на лицето на зафатената страна.
Што предизвикува Белова парализа. Настанува како резултат на ладен ветар или пак подолг престој во климатизирана просторија, возење во автомобил со отворен прозор, вирусна природа, меѓу кои најчест предизвикувач е вирусот Херпес симплекс (вирусот се активира и предизвикува воспаление на лицевиот нерв и негова парализа). Начинот на кој настанува оштетувањето не е доволно јасен, но најверојатно настанува поради воспалување на лицевиот нерв, исхемија (намалена прокрвеност) и појава на оток кој прави компресија во коскениот канал низ којшто природно поминува нервот. Сето ова предизвикува оштетување и нарушена функција на лицевиот нерв и појава на симптоми.
Како се дијагностицира? Неврологот ќе постави дијагноза врз основа на анамнезата, текот на болеста и невролошкиот преглед, преку кој ќе ја испита функцијата на лицевиот нерв – ќе ви каже да се насмеете, да ги затворите очите или да ги подигнете веѓите, со тоа ќе се испита функцијата на лицевата мускулатура.
Како се лекува? Се препорачува терапија со кортикостероиди, во времетраење од 10 дена или некогаш и подолго. Бидејќи станува збор за вирусен предизвикувач потребно е да се даде и дополнителна анти-вирусна терапија, како и антибиотска терапија. Поради проблемите со затворање на окото и опасност од сушење, се препорачува употреба на вештачки солзи. Се препорачува и физикална терапија со хидрокортизон како и масажа на лицевата мускулатура која ги релаксира мускулите.
Околу 80% од пациентите се опоравуваат во период од два месеци, понекогаш симптомите може да траат и подолго, кај 2% од пациентите болеста може да се повтори во период од 10 години.