Биполарното растројство или уште познато како манична депресија е ментална состојба која предизвикува екстремни промени во расположението, заедно со флуктуации на енергијата и нивото на активност.
Ова е сериозна ментална болест која ја ограничува способноста на пациентот да ги извршува секојдневните обврски и има потенцијал да ги уништи и професионалните и личните односи со другите лица.
Постојат две категории на симптоми кај оваа болест и тоа:
Симптоми на манична епизода, кои вклучуваат:
-Чувство на еуфорија
-Зголемено чувство на самодоверба
-Привремено нарушување на правилното пресудување
-Брзо зборување проследено со брзо размислување
-Впуштање во високо-ризично однесување, вклучувајќи и агресија
-Лесно одвлекување на вниманието, расеаност;
Симптоми на депресивна епизода, кои вклучуваат:
-Чувство на празнина и очај
-Напади на екстремна тага
-Несоница и други проблеми поврзани со спиењето
-Самоубиствени мисли, во екстремни случаи
-Вознемиреност поради мали нешта
-Необјаснив замор и неостаток на волја за да се извршуваат секојдневните активности;
Симптомите на оваа болест лесно може да се помешаат со секојдневните работи кои им се случуваат на луѓето ширум светот.
Затоа обрнете повеќе внимание и доколку ги имате сите симптоми на биполарност, обратете се кај психијатар кој ќе ви каже дали имате ментално растројство кое се лекува со психотерапија од антипсихотични медикаменти.