Акутен и хроничен бронхитис :
Ова е воспалување на слузницата на дишните патишта.
Симптоми : Кашлица, често проселедена со болки и непријатно чувство во пределот на градите со искашлување на гној, отежнато дишење, општа слабост и покачувања на температурата.
Бронхопневмонија :
Ова е воспалување на малите бронхии – бронхиоли.
Симптоми : Кашлица со мали искашлувања, зголемување на телесната температура, општа слабост силно потење и болка во градите.
Бронхијална астма
Тоа е хронична болест на дишните патишта.
Симптоми : бледа боја, отежнато дишење, губење на здивот, гушење и добивање на напад.
Причини : прашина, некои видови храна и пијалоци, пушење, климатски услови и други фактори.
Белодробен корен
Белодробниот корен се состои од неколку големи крвни садови кои имаат голема улога во прочистување односно оксидирање на крвта. Коренот се состои од дишниците, пулмоналната артерија која се наоѓа над дишникот и пулмоналните вени кои се наоѓаат под белодробниот корен и тие се функицонални крвни садови на белиот дроб и служат за вршење на самата функција на белите дробови односно оксидација на крвта. Пулмоналната артерија ја носи крвта од десната комора, оваа крв тука се прочистува и потоа преку пулмоналните вени се носи во левата преткомора. Ова всушност претставува мал крвоток. Додека пак имаме и нутритивни садови, а тие служат за исхрана и васкуларизација. Тие се брахијалните вени, пулмоналниот сноп и брахијални гранки.
ПРЕВЕНТИВА:
Од воспаление на белите дробови можете да се заштитите на следните начини:
– Често мијте ги рацете, задолжително после дување на носот, после тоалет, пред подготовка на оброк, пред јадење;
– Вакцинирајте се против сезонски грип кој е често причина за пневмонија, особено кај постарите лица, кај децата, кај лицата со хронични заболувања;
– Деца помали од 5 години и лица постари од 65 години треба да се вакцинираат со пневмококна вакцина, со оглед на тоа дека пневмококот е најчеста причина за бактериска пневмонија;
– Пушењето го намалува имунитетот на респираторниот систем и полесно доаѓа до воспаление, па и до пневмонија и затоа престанете да пушите;
– Обрнете внимание на општата здравствена состојба и имунитетот со практикување на здрави животни навики, на пр., редовна физичка активност, здрава исхрана, регуларен одмор/сон, ограничен внес на алкохол, редовни здравствени контроли;
– Избегнувајте контакт со болни лица, особено во затворени простории.