Што е желудникот и која е неговата функција?
Желудникот е дел од системот на варење.Сместен е во горниот абдомен, под ребрата. Желудникот е орган кој служи за варење на храната. Кога храната влегува желудникот, неговата мускулатура почнува да се создава брановидни движења кои ја мешаат и ситнат храната. Во исто време, соковите кои ги лачат жлездите во желудниковиот sид, помагаат во варењето, односно раградувањето на храната. По околу 3 часа, храната станува течна и минува во дуоденумот, каде продожува процесот на варењето на храната.
Што е гастритис?
Гастритис е општ медицински поим за воспаление на желудочната слузница. Тој може да се јави одненадеж (акутен гастритис) и да трае кратко време или може да се развива постепено со тек на време (хроничен гастритис) и да трае подолго.
Нападите на акутен гастритис, придружени со болки, мачнина, повраќање или пролив, обично траат само еден или два дена. Поимот ‘’акутен“ значи дека нападите се кратки и дека симптомите, по правило, се силни. Луѓето со хроничен гастритис не мора да имаат болки, но може да изгубат апетит или да чувствуваат мачнина. Хроничниот гастритис може да предизвика опасна слабокрвност, недостиг на црвени крвни зрнца предизвикан од недостиг на витамин Б12. Гастритисот обично се појавува кај постарите луѓе, но може да заболат и луѓе од која било возрасна група.
Најчести причини за појава на гастритис се:
Инфекција со бактеријата Helicobacter pylori, користење на медикаменти кои имаат пред сè антиинфламаторен и аналгетски ефект, стрес, алкохол, рефлукс на жолчка,автоимунo заболување.
Симптоми:
-тегоба или болки во горниот дел на стомакот
-мачнина
-повраќање
-пролив
-губење на апетитот
Како се дијагностицира гастритисот?
За клиничко поставување на дијагнозата на гастритисот важни се анамнезата и физикалниот преглед. Пациентот дава податоци за историјата на болеста, за тоа од кога почнала и со кои симптоми и знаци. Физикалниот преглед, исто така, може да даде сомнеж за присуство на гастритис.Понатаму следуваат и други испитувања.
Како се лекува гастритисот?
Лекувањето зависи од причината на гастритисот. Акутниот гастритис предизвикан од нестероидните антивоспалителни лекови или од алкохолот може да се ублажи со престанок на нивното земање.Хроничниот гастритис предизвикан од бактеријата H. Pylori се лекува со лекови за искоренување на бактеријата. Во третманот на гастритисот често се вкучуваат и лекови кои ги ублажуваат постоечките симптоми и знаци на болеста.