Под дрога се подразбираат супсанциите кои имаат способност да влегуваат во интеракција со живите организми предизвикувајќи состојба на психичка или физичка зависност.
Видови дроги:
– Канабис дроги ( марихуана, хашиш, хашишово масло )
– Халуциногени дроги ( ЛСД, ПСП, мескалин, псилоцибин )
– Наркотици ( опиум, морфиум, хероин, метадон )
– Психостимуланси ( кокаин, крек, амфитамини, екстази, метамфетамини ;
Во периодот меѓу 19-ти и 20-ти век на пазарот се појавуваат нови лекови кои ветуваат дека можат да излечат се, од болка во грлото и кашлица, до депресија и несоница.
Тогаш, никој не верувал дека овие производи ќе станат едни од најтешките и најопасните дроги на светот (морфиум, кокаин, опиум, метамфетамин, хероин).
Дрога — природна или синтетичка хемиска супстанција која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.
Лек претставува производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.
Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена доза и низ соодветни мерки на претпазливост.
Затоа секој лек може да биде отров, но секој отров не мора да биде и лек.